• понеделник, 23 декември 2024

Луфтханза ја продолжи суспензијата на летовите до Техеран поради безбедносни причини

Луфтханза ја продолжи суспензијата на летовите до Техеран поради безбедносни причини

Берлин, 12 април 2024 (МИА) – Луфтханза ја продолжи суспензијата на планираните летови до и од Техеран поради безбедносни грижи, соопшти рано утрово германскиот главен авиопревозник.

- Поради моменталната ситуација, Луфтханза ги прекинува своите летови до и од Техеран до и вклучително сабота, 13 април, по внимателна евалуација, рече портпаролот на компанијата.

Безбедноста на патниците и екипажот е секогаш врвен приоритет, се вели во соопштението. „Луфтханза“ не се потпира само на владините проценки, туку самата ја проценува моменталната безбедносна ситуација и потоа донесува свои одлуки, се додава во текстот.

„Луфтханза“ веќе објави минатата сабота дека ги прекинува летовите до и од главниот град на Иран до четврток, потсетува ДПА.

„Постојано ја следиме ситуацијата на Блискиот Исток и сме во близок контакт со властите“, соопшти авиокомпанијата.

По осомничениот израелски напад врз комплексот на иранската амбасада во Сирија на почетокот на април, неодамна се зголемија заканите од Техеран кон Израел. Израел се закани дека нема да остави без одговор евентуален ирански напад на своја територија. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан