Лула да Силва го отфрли мешањето на Трамп во внатрешната политика на Бразил со поддршката за Болсонаро
- -Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого, рече Лула да Силва во кратката изјава, кратко откако Трамп побара од оваа јужноамериканска земја да го „остави на мира“ поранешниот бразилски претседател Болсонаро.
Рио де Жанеиро, 7 јули 2025 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска отфрли какво било „мешање“ во внатрешните работи на земјата по поддршката на неговиот американски колега Доналд Трамп за Жаир Болсонаро, кој се соочува со судење за наводен обид за државен удар.
-Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого, рече Лула да Силва во кратката изјава, кратко откако Трамп побара од оваа јужноамериканска земја да го „остави на мира“ поранешниот бразилски претседател Болсонаро.
Трамп го осуди „ловот на вештерки“ против Болсонаро.
„Тој (Болсонаро) не е виновен за ништо, освен што се бори за народот“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.сд/
фото:ЕПА