Лукмaн прогласен за играч на годината во Африка
- Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, е прогласен за играч на годината во Африка.

Бергамо, 17 декември 2024 (МИА) - Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, е прогласен за играч на годината во Африка.
Нигериецот победи во изборот пред Симон Адингра (Брегот на Слоновата Коска, Брајтон), Серу Гуираси (Гвинеја, Борусија Дортмунд), Ахраф Хакими (Мароко, ПСЖ) и Ронвен Вилијамс (Јужна Африка, Мамелоди Сандаунс).
Дваесети седумгодишниот Лукман заврши на 14. место во гласањето за Златната топка во 2024 година.
Минатата фудбалерот постигна 17 гола и 10 асистенции на 45 настапи за Аталанта. зс/
Фото: ЕПА