Лукман се сели во Мадрид
- Нигериецот Адемола Лукман е пред трансфер во Шпанија и продолжување на кариерата во Атлетико Мадрид
Бергамо, 1.февруари 2026 (МИА) – Нигериецот Адемола Лукман е пред трансфер во Шпанија и продолжување на кариерата во Атлетико Мадрид. Постигнат е договор за негово заминување откако играчот извесен период бараше промена на средината.
Атлетико Мадрид се согласи на Аталанта, досегашниот клуб на Лукман да исплати 35 милиони евра. Таа сума може да се зголеми и дополнителни пет милиони низ бонуси. Останува Лукман да ги направи потребните лекарски прегледи и потоа да биде и официјално потпишан договорот.
Лукман во текот на летниот преоден рок веќе беше заминат од клубот, но откако пропадна трансферот се врати во составот на Аталанта. Тој за клубот од Бергамо одигра 137 натпревари постигна 55 голови и имаше 27 асистенции. Посебен белег во клубот остави со настапите во Лига Европа кога Аталанта во 2024 година го освои пехарот. мн/
Фото: ЕПА