• понеделник, 23 декември 2024

Лука Дончиќ побара повлекување на брендот „Лука Дончиќ 7“

Лука Дончиќ побара повлекување на брендот „Лука Дончиќ 7“

Љубљана, 7 септември 2022 (МИА) - Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ презеде правни чекори за повлекување на брендот „Лука Дончиќ 7“, чијшто управител е неговата мајка со цел основање нов целосно негов бренд, соопшти правната фирма „Браун Радник“ што го застапува 23-годишниот спортист.

- Имам многу што да очекувам бидејќи продолжувам да растем како играч и личност и важно ми е да го контролирам мојот сопствен бренд и да се сосредоточам на враќањето во моите заедници, рече Дончиќ во изјава за „Стајн лајн“ (The Stein Line). Во неговата дебитантска сезона со Далас маверикс, 2018-19 година, на 19-годишна возраст, Дончиќ ѝ даде согласност на својата мајка Мирјам Потербин за регистрација на неговото полно име како заштитен знак. Потоа следат несогласувањата со неа. По бројните обиди за преговори за пренос на контролата на брендот, според неговите адвокати, Дончиќ во јули 2021 година дал писмено известување дека сака да ја отповика таа согласност. Оперативната компанија на Дончиќ, „Лука-99 инк.“, со којашто сите негови партнерства со брендови имаат договори, е формален подносител на барањето. Логото на Дончиќ, инаку, се појавува на сите негови чевли и облека од брендот „Џордан“, со вградени негови иницијали (LD), неговиот број на дрес (77) и латиничната буква S што ја претставува неговата родна земја. Името на кошаркарот е поврзано и со добротворни организации, како и со серијалот видеоигри „НБА 2K“.  си/ссм/

Остани поврзан