• понеделник, 23 декември 2024

Лукашенко: Конфликтот во Украина може да биде решен за една недела

Лукашенко: Конфликтот во Украина може да биде решен за една недела
Минск, 15 октомври 2022 (МИА) - Конфликтот во Украина може да се реши во рок од една недела, а зависи од САД и Обединетото Кралство, изјави белорускиот претседател, Александар Лукашенко, во интервју за Ен-би-си. -Се зависи од САД и Велика Британија. Ако утре сфатите дека треба да седнеме на преговарачка маса и да најдеме решение, верувајте, решение ќе најдеме за една недела, рече Лукашенко, пренесе агенцијата Белта. Тој ги коментираше и тврдењата на украинските власти за масовни гробници и злосторства извршени од руската армија, наведувајќи дека се води информативна војна. -Украинците зборуваат за масовни гробници, за злосторства извршени од руска страна. Руската страна на сличен начин ги разоткрива масовните злосторства извршени од украинската страна. Тоа се вообичаени информативни напади еден врз друг, рече Лукашенко. Белорускиот претседател посочи дека пред се е потребно да се прекине војната и да се бара излез, а не да се зборува за тоа колку се лоши работите. -Знаеме дека работите се лоши. Војната е секогаш лоша. Не така одамна реков дека светот во моментов е преокупиран со проблемот и бара одговор кој е виновен. Видете, ајде то да го дознаеме подоцна. Луѓето умираат секој ден. Да ја прекинеме војната и да се договориме. И тогаш ќе видиме кој е во право, а кој не, рече белорускиот претседател во интервјуто за Ен-би-си.сд/

Остани поврзан