• сабота, 23 ноември 2024

Лукашенко: Белоруските воени авиони се модифицирани и можат да носат нуклеарно оружје

Лукашенко: Белоруските воени авиони се модифицирани и можат да носат нуклеарно оружје
Москва, 26 август 2022 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека белоруските воени авиони се модифицирани за да можат да носат нуклеарно оружје.
Тој рече дека надградбата била направена по неговиот состанок во јуни со рускиот претседател Владимир Путин, кој понудил реконструкција на белоруските авиони во руските фабрики.
Русија ја искористи територијата на Белорусија за да ја нападне Украина на почетокот на војната, а Москва и Минск одржуваат блиски воени врски.
Лукашенко ги предупреди САД и нивните сојузници да не ја „провоцираат“ Белорусија и додаде дека се „избрани цели“ за реакција доколку САД не го послушаат неговото предупредување.
Тој не прецизираше колку авиони се модифицирани. Кремљ засега не реагира на изјавата на Лукашенко. Претходно оваа година, Лукашенко рече дека неговата земја би можела да и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје таму доколку САД и нивните сојузници постават такво оружје во Полска и Литванија, членки на НАТО кои граничат со Белорусија. паг/

Остани поврзан