• вторник, 24 декември 2024

Лукаревска: Четири години и долгови враќаме и градиме - имаме план за развој и добри проекти 

Лукаревска: Четири години и долгови враќаме и градиме - имаме план за развој и добри проекти 
Скопје, 3 октомври 2021 Таква ни е среќата, секогаш почнуваме од почеток, како од темел да ја градиме државата, ама, можеме, зашто ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда. Така беше и овде во општина Битола, успеавме. Градиме и во градот и во населените места.  Воведуваме стандарди во јавните услуги, за населени места без кал со изградена комунална инфраструктура, локални патишта, чиста вода за пиење, грижа за децата и за младите. За градови со хуман, зелен развој, за чиста, средена држава”, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на трибината во Битола. И не беше само еден фронт, на еден фронт лесно се победува, ама успеавме на сите. Од изолирана и заробена држава станавме земја членка на НАТО, од сеење на страв и магла,  стигнавме да бидеме рангирани како најтранспарентни во регионот, oд ширење омраза кон соседите, сега имаме регионална соработка за пример, Балканот има ново лице. И се тоа за 4 години. Е, тоа се може само со многу работа, со искрена посветеност од корен да ги менуваш работите, зашто знаевме дека поинаку нема да можe”. Имаме план за секоја општина, планот е направен со граѓаните и проектите ги реализираме заедно со граѓаните, рече Лукаревска. Граѓаните се нашиот најважниот партнер, на градоначалникот и на советниците, затоа работиме со граѓаните, за граѓаните, за подобра Битола, секогаш напред со Најдобрите. Направете го вистинскиот избор, гласајте за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, Христо Кондовски и советничката листа предводена од доктор Александар Димовски. Гласајте за 12, за Најдоброто за Битола!”. СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан