• сабота, 23 ноември 2024

Лукаревска од Теарце: Новите инвестиции се најдобар доказ дека економијата е стабилна и конкурентна 

Лукаревска од Теарце: Новите инвестиции се најдобар доказ дека економијата е стабилна и конкурентна 
Скопје, 25 ноември 2022 Речиси секоја недела сведочиме на почеток на изградба или на пуштање во употреба на некоја странска инвестиција и тоа е доказ дека со ефикасни и одговорни политики успеавме да ја стабилизираме македонската економија и да ја направиме уште повеќе конкурентна и во време на криза, порача денеска од Теарце заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска. - Пред само два дена, удрен е камен темелник на новата инвестиција на германската компанија „Кил“ вредна 9,2 милиони евра каде ќе се вработат околу 150 луѓе. Претходно во истата технолошко развојна зона започна изградбата на фабриката за електрични автомобили. Се отвораат фабрики и низ другите градови, а само во првите десет месеци од годинава, во ТИР зоните вработени се над 2.000 граѓани, што само потврдува дека македонската економија е една од најатрактивните за странските инвеститори во време на криза, порача Лукаревска. Заменик претседателката Лукаревска посочи дека со Буџетот за 2023 година ќе продолжи помошта за граѓаните и економијата со цел побрзо и полесно надминување на сите последици од кризата. - Во Буџетот за 2023 година обезбедени се средства за нов раст на платите и пензиите, но и близу 800 милиони евра за капитални инвестиции, односно за нови патишта, водоводи, градинки, училишта и болници. Имаме пари и за зголемување на лимитот на една од најуспешните мерки, повратот на ДДВ го зголемиваме од 1.800 на 2.100 денари, истакна Лукаревска. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан