• петок, 20 декември 2024

Лукаревска: Модерна, хумана и зелена општина Карпош со кандидатот за градоначалник Душко Весковски

Лукаревска: Модерна, хумана и зелена општина Карпош со кандидатот за градоначалник Душко Весковски
Скопје, 4 октомври 2021 (МИА) -  На 17 октомври ја потврдуваме победата и одиме напред со паметен развој, со брз развој, со одржлив и рамномерен развој, за модерна, хумана, зелена општина, со најдоброто за Карпош - кандидатот за градоначалник Душко Весковски и советничката листа предводена од Марин Докузовски, рече заменик-претседателката на СДСМ  Сања Лукаревска на трибината во општина Карпош.
Истакна дека се одговорни пред граѓаните, транспарентно и отчетно за секој потрошен денар, зашто тоа се пари на граѓаните.
- Заедно ги планираме буџетите, заедно ги креираме проектите, зашто вие најдобро знаете што ви треба, секој избран од граѓаните е одговорен пред граѓаните.  Инвестициите и подршката од централната власт стратешки ги насочуваме кон нови работни места и кон повисоки плати, важен е стандардот на граѓаните, важно е секое работно место. На крајот на јуни 2021 е забележана рекордно ниска стапка на невработеност од 15,9 отсто и тоа во услови на глобална здравствена криза, рече Лукаревска.
Нагласи дека локалната економија е двигател на развојот и дека со поддршка од централнта власт и со соработка со општините  ќе ги поттикнат малите бизниси кои се темелот на економскиот развој.
- Воведуваме редовен месечен Локален економски форум со малите бизниси -  да сме во постојана комуникација, зашто се важни. Малите бизниси да се развиваат и да ги има во што поголем број – шанса за секого, поддршка за секоја добра идеја, можности за младите луѓе да се реализираат овде, дома.
Затоа на 17 октомври излезете и потврдете ја победата на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата, за Карпош со најдоброто, рече Лукаревска. хс/вј/ 

Остани поврзан