• сабота, 21 декември 2024

Лукаревска: Лимитот за Мој ДДВ ќе се зголеми на 2.100 денари по усвојување на законските измени

Лукаревска: Лимитот за Мој ДДВ ќе се зголеми на 2.100 денари по усвојување на законските измени

6 март 2023 

Лукаревска: Лимитот за Мој ДДВ ќе се зголеми на 2.100 по усвојување на законските измениМерката Мој ДДВ дава одлични резултати и во борбата против сивата економија и во зајанување на стандардот на граѓаните, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во гостување на Телевизија Стар.„Имаме 520.000 регистрирани на апликацијата Мој ДДВ, исплатата се врши редовно, согласно нашите обврски, односно во рок од 60 дена по завршување на конкретното тромесечје. Лимитот за едно тромесечје ќе се зголемат откако во Собранието ќе бидат донесени законските измени и очекувам тоа да биде наскоро“ порача Лукаревска.Осврнувајќи се на повратот на ДДВ кон компаниите, Лукаревска истакна дека за разлика од некои ситуации порано, сега повратот на ДДВ се врши навремено и неселективно.-Порано, пред неколку години се чекаше на повратот, се вршеа манипулации и уцени со повратот на ДДВ кон компаниите, но денес тоа не е случај. Повратот на ДДВ кон стопанството расте постојано, секогаш е на време и нема никаква селективност. Тоа е наша обврска и градење на партнерски однос кон обврзниците и дел од нашата грижа за ликвидноста на економијата, заклучи Лукаревска.

СДСМ Центар за комуникации 

__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан