• понеделник, 23 декември 2024

Лукаку: Интер се надева дека ќе ја освои Лигата на Европа

Лукаку: Интер се надева дека ќе ја освои Лигата на Европа
Џенова, 25 јули 2020 (МИА) – Двојниот стрелец за Интер во вечерашниот триумф над Џенова (3:0), Ромелу Лукаку ја кажа целта на неговиот тим за остатокот од сезоната. - На индивидуално ниво, задоволен сум од себе, но можам да кажам дека како тим можеме да направиме многу повеќе. Имаме добра постава. Не е лесно да се освои второ место во Италија, но сакаме да победуваме и да одиме што е можно повисоко. Сакам да му помогнам на Интер да го постигне тоа. На патот до 36. коло изгубивме премногу бодови, но ние сме млади и се стремиме да станеме подобри. Сега нашата цел е да направиме успех во последните кола, а потоа и во Лигата на Европа. Да видиме каде ќе бидеме после финалните натпревари од првенството. Потоа ќе започне Лига Европа и нема да биде лесно, но се надеваме дека ќе го освоиме трофејот, рече белгискиот репрезентативец во интервјуто за „Скај Спорт Италија“. Во осминафиналето од Лигата на Европа, Интер ќе игра со Хетафе од Шпанија. зс/

Остани поврзан