• среда, 27 ноември 2024

Лорер: Со ГЕРБ-СДС имаме разбирање за законодавната програма, а допрва ќе следи и владината програма

Лорер: Со ГЕРБ-СДС имаме разбирање за законодавната програма,  а допрва ќе следи и владината програма

Софија, 26 април 2023 (МИА) - Веќе се разбравме со ГЕРБ-СДС за законодавната програма, а допрва ни претстојат разговорите за владината програма, за која, исто така, има разбирање, коментираше денеска пратеникот од коалицијата „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Даниел Лорер.

-Ја разбираме нашата политичка одговорност, задачите што ни претстојат како парламент - оттука многу добро ја разбираме политичката ситуација во која бугарските гласачи нè ставија и не испратија овде да одлучуваме, пред новинарите во парламентот изјави Лорер, запрашан зошто тие го критикуваат раководството на ГЕРБ, а истовремено работат заедно со нив за приоритетите на идната влада.

Пратениците од коалицијата „ПП-ДБ“ на брифинг во бугарското Народно собрание го коментираа инцидентот со саемот во Пловдив и го критикуваа раководството на ГЕРБ во локалната власт во Варна и Пловдив поради инцидентот со акциите на саемот.

-Сфаќајќи што одлучи бугарскиот гласач, „ПП-ДБ“ и „ГЕРБ-СДС“ веќе имаат законодавна програма за која има разбирање, објасни Лорер. Тој додаде дека треба да имаат и владина програма за која ќе има и разбирање и тогаш се надева дека составот на владата што ќе го соопшти коалицијата „ПП-ДБ“ ќе наиде на поддршка од ГЕРБ, а можеби и од други политички сили.

На прашањето дали во вакво сценарио нема опасност поддршката за кабинетот во секој момент да биде повлечена, Лорер одговори: ако има нешто што ние како „ПП-ДБ“ го докажавме тоа е дека не се плашиме да влеземе. во тешки битки.

Лорер не негираше дека постои ризик ваквата влада да падне.

-Народното собрание, на крајот, одлучува. Затоа овие прелиминарни чекори на разбирање за законодавната програма и приоритетите на управувањето се толку важни да се случат во јавноста, коментираше претставникот на „ПП-ДБ“.

„Сите треба да знаат што ќе прави оваа влада и кога некој ќе реши да ја смени, затоа што им станало непријатно, да им објасни на гласачите зошто го прави тоа“, додаде пратеникот. сд/

Остани поврзан