• петок, 08 ноември 2024

Лорер: Не можеме да имаме доверба во Марија Габриел

Лорер: Не можеме да имаме доверба во Марија Габриел

Софија, 20 март 2024 (МИА) - Тоа што се случи вчера покажа дека во овој момент не можеме да и веруваме на Марија Габриел и причината е јасна, денеска во кулоарите на бугарскиот Парламент изјави Даниел Лаурер од „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ во врска со предлогот на мандатарката за новиот состав на владата.

Според Лорер, откако Габриел му го врати пополнетиот мандат на претседателот Радев, повеќе од половината предложени министри во новиот кабинет одбиле да учествуваат во него.

-Нашите лидери многу јасно ставија до знаење дека не можеме да работиме заедно на овој начин. ГЕРБ одби да го потпише договорот што ќе ни даде вистински управувачки приоритети, рече Лаурер. 

Пратеникот истакна дека договор е договор кога двете страни ќе го потпишат. 

-„Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“ не го потпишаа, бидејќи главните теми - реформата на службите и судскиот систем, поточно обвинителството - ги нема, додаде Лаурер.

„Очигледно во овој договор недостигаа некои многу важни реченици поради што немаме договор за него и не е потпишан од наша страна“, кажа тој и додаде дека се уште нема договор.

Запрашан кое е решението, Лорер рече: „Следниот чекор е тоа да го решиме“.

-Во суштина, тоа што го кажа Асен Василев не е навреда, туку политички факт дека Марија Габриел застана на страната на Бојко Борисов и досега мислевме дека таа е личноста која навистина сака да ја придвижи нашата земја напред во нејзиниот развој, изјави во кулоарите на парламентот Венеција Ангова од ПП-ДБ. Според неа, допрва ќе се договара дали отсега коалицијата ќе учествува во преговорите. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан