Лоренцо Браун - МВП на петтото коло во Евролигата
- Плејмејкерот на Макаби Тел Авив, Лоренцо Браун е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на 5. коло во Евролигата.

Барселона, 29 октомври 2022 (МИА) - Плејмејкерот на Макаби Тел Авив, Лоренцо Браун е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на 5. коло во Евролигата.
Во победата над Панатинаикос од 85-:4, Браун имаше 22 поени, 6 скока, 9 асистенции, 2 украдени топки и 33 индексни поени.
Ист број инд.поени има и Габриел Дек од Реал Мадрид, но мадриѓаните претрпеа пораз од Виртус Болоња. зс/