• петок, 08 ноември 2024

Лондон ја предупреди Русија на последици од каква било употреба на нуклеарно оружје

Лондон ја предупреди Русија на последици од каква било употреба на нуклеарно оружје
Лондон, 4 октомври 2022 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли денеска во вторникот изјави дека мора да се запре серијата стратешки грешки на рускиот претседател Владимир Путин и дека секоја употреба на нуклеарно оружје ќе доведе до последици. Тој одговарајќи на прашањето како Велика Британија би реагирала ако Русија употреби тактичко нуклеарно оружје, истакна дека не може да изнесува детали, но оти би имало одговор. - Неизбежно би било во случај на употреба на нуклеарно оружје од која било земја каде било во светот нема да остане без одговор. Нема да разговарам за природата или за прагот, посочи Клаверли. Според него Путин направил стратешки грешки кои ја оштетиле Русија и значително го изолирале на глобална сцена. - Мораме јасно да ставиме до знаење дека неговата серија стратешки грешки мора да престане. Ќе продолжиме да ги поддржуваме Украинците во одбраната на нивната татковина и да се залагаме за меѓународните правила и норми, посочи Клеверли. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан