• вторник, 03 декември 2024

Лондон од 20 февруари ја воведува првата нова виза по Брегзит

Лондон од 20 февруари ја воведува првата нова виза по Брегзит
Лондон, 27 февруари 2020 (МИА) - Официјален Лондон најави дека од следниот месец ќе воведе нова виза, која ќе им овозможи на научници, математичари и истражувачи брз влез во земјата. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека на тој начин ќе испратат порака оти по започнувањето на Брегзит в сабота, земјата ќе остане отворена за најталентираните умови во светот. Новата виза ќе биде во функција од 20 февруари. Таа ќе им се издава брзо на лица кои имаат покана за работа од образовни установи и истражувачки институти. Ќе го замени сегашниот визен систем за таленти, кој предвидува прием на 2.000 лица годишно на позиции со плата над 30.000 фунти годишно. Освен тоа процедурата за одобрување на визата ќе ја спроведува Агенцијата за научни истражувања и иновации, а не Министерството за внатрешни работи. Новата виза ќе важи и за европските граѓани, откако ќе истече преодниот период за излез на Велика Британија од ЕУ. Планирано е тоа да се случи до крајот на оваа година. Во моментов, научните работници од ЕУ се половина од вкупно 211.000 странски државјани на кои се потпираат британските универзитети и истражувачки организации. гт/

Остани поврзан