• вторник, 24 декември 2024

Лондончанец убиен за чанта од 800 фунти

Лондончанец убиен за чанта од 800 фунти
Лондон, 2 декември 2020 (МИА) - Самјуел Одупитан (23) од населбата Кројдон во Лондон го избодел до смрт Тајлер Рој (24) заради „Бенгал Гучи“ чанта од 800 фунти (890 евра). Сега убиецот се соочува со доживотна казна затвор, откако судот пресуди дека е виновен. Убиецот ја следел жртвата, која слегла од трамвај, бидејќи забележал дека несреќникот ја има таа луксузна чанта, па во близина на станицата го прободел пет пати со нож. Злосторството се случило на 23 февруари, а Рој разговарал со девојката непосредно пред неговата смрт, кога убиецот го повикал: „брат, брат, брат, застани“, како што велат извештаите. Жртвата се враќала од работа во 23:00 часот. Тој работел како хотелски рецепционер. Судот го прогласи Одупитан за виновен за убиството. Пресудата ќе биде изречена на 7 декември, а една од можностите е доживотен затвор. Населбата Кројдон во јужен Лондон беше една од најопасните области во градот во 2018 година, а особено е „позната“ по убиствата со ножеви.  си/

Остани поврзан