Локализиран пожарот во штипскиот регион
- Пожарите во штипскиот регион се локализирани. Пожарникарите кои интервенираа во селото Доброшани веќе се повлечени, вели во изјава за МИА командирот на смена во ТППЕ-Штип, Пане Тимов.

Штип, 6 август 2021 (МИА) - Пожарите во штипскиот регион се локализирани. Пожарникарите кои интервенираа во селото Доброшани веќе се повлечени, вели во изјава за МИА командирот на смена во ТППЕ-Штип, Пане Тимов.
Пожарот започна вчера попладнето од светиниколското село Богословец и во текот на ноќта се рашири во правец кон селото Доброшани, каде што веќе е локализиран. Во селото Богословец изгореја стари куќи, земјоделска механизација, зафатена е голема површина на сува трева и помала пивршина борова шума. вдј/бак/