• понеделник, 22 јули 2024

Локализиран е пожарот што го зафати атарот на делчевското село Бигла

Локализиран е пожарот што го зафати атарот на делчевското село Бигла

Делчево, 8 октомври 2023 (МИА) - Локализиран е пожарот што синоќа го зафати атарот на селото Бигла. Пожарот бил регистриран кај месноста Илинчина ридина, а во неговото гаснење учествуваа мештани и вработени во Национални шуми.

На терен остануваат дежурни екипи на Национални шуми. 

Екипи на Територијалната противпожарна единица во Делчево синоќа биле на местото на пожарот, но поради немањето услови, со гаснење на пожарот утрово продолжиле вработени во Национални шуми. 

Според првичните информации, зафатена е борова шума чија опожарена површина допрва ќе се утврдува. Засега не се познати причините за пожарот. вс/бак/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан