• вторник, 03 декември 2024

Локален совет за превенција: Во Струмица генерално граѓаните се чувствуваат безбедно, проблем им се кучињата скитници

Локален совет за превенција: Во Струмица генерално граѓаните се чувствуваат безбедно, проблем им се кучињата скитници

Струмица, 24 октомври 2023 (МИА) - Генерално граѓаните се чувствуваат безбедно, а тие што не се чувствуваат така, како главен проблем ги посочиле кучињата скитници. Меѓутоа, сите знаеме дека Општина Струмица има Стационар и овој проблем се решава, истакна Ѓорѓи Аризанов, секретар на Локалниот совет за превенција, пренесувајќи го последното истражување на оваа тема подготвено од невладината „Евро тинк“.

Според него, граѓаните изразиле задоволство од службите за брзи интервенции, како што се против пожарната единица, полицијата и итната помош, кои биле лесно достапни, а побарале и поголемо присуство на полицијата на терен, односно маалски полицајци, позорникари, за да се чувствуваат побезбедно.

Според директорката на Стационарот за бездомни кучиња „Лајка“ од Струмица, Сузана Стојкова, проблемот се бездомните кучиња се решава ефикасно, а според капацитетот на Стационарот, бројот на вработените и буџетот е меѓу високо рангираните во регионот и пошироко. Установата работи од 1 февруари годинава и досега се заловени 475 кучиња, од кои се третирани сите. На локации од каде се заловени се вратени 324, евтанизирани се 53, а стелизирани и кастрирани се 353 и се вдомени 63 кучиња.

-Сметам дека та е огромна бројка, но граѓаните треба да знаат дека според Законот за благостостојба на животните кај нас кучињата моќе да престојуваат само 30 денови.Ако во тој период не се вдомат, ние сме должни да ги вратиме на местото на локацијата од каде се заловени, рече Стојкова.

Додаде дека спроведуваат кампања за вдомување и подигнување на јваната свест, а проблемот со носење на кучиња од други градови се уште постои.

-Најважно е сопствениците на кучиња да имаат одговорно сопствеништво, да ги чипираат и стерилизираат за да може да се намали бројот на новодојдени кучиња, подвлече директорката на Стационарот „Лајка“, Сузана Стојкова, која посочи дека во изминатиот период се забележани возила од други градови кои носат кучиња скитници во Струмица.

На денешната конференција на Локалниот совет за превенција повторно се дискутираше за врсничкот насилство и говорот на омраза и беше заклучено дека нема големи проблеми поврзани со тоа, но Советот треба да укажува и предвреме да се превенираат проблемите.

-На претходната конференција беше договорено повторно да ги повикаме директорите на воспитно-образовните институции и педагошките служби коишто се во рамки на државните институции и сите тие денеска заедно присуствуваат и се разговара за проблеми коишто се случуваат во училиштата, како што се говор на омраза, врсничко насилство, булинг и слично. Поконкретно ќе видиме кои институции како си ја извршуваат својата работа, или каде затајуваат одредени информации или проблеми ако се детектирани од педагозите и директорите во училиштата. Генерално во општина Струмица нема проблеми од пошироки димензии. Добро е што ги нема и не треба да ги има, меѓутоа ова тело како превенција е алатка којашто не треба да ги решава проблемите кога ќе се случат, туку да разговараме предвреме за проблеми коишто во иднина би можеле да се случат, смета Ѓорѓи Аризанов, секретар на Локалниот совет за превенција.

На денешната Конференција на Советот за превенција учествуваа претставници на основните и средните училишта од Струмица, стручни служби, Основен суд Струмица, СВР Струмица, општинска администрација, јавни претпријатија и членови на Советот на Општина Струмица. рт/цр

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан