• вторник, 24 декември 2024

Лога: На сила е одлуката да одиме сами на избори

Лога:  На сила е одлуката да одиме сами на избори

Скопје, 3 февруари 2024 (МИА) - Откако претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога вечерва повика да се придржуваат на досегашната одлука - самостоен изборен настап.

- Врз основа на медиумскиот интерес и општиот интерес, сакам да ве информирам дека Алијанса за Албанците нема разгледано ниту едно барање во нејзините партиски органи, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание во однос на предизборните коалиции. На сила е одлуката на Централното претседателство која едногласно беше изгласана да одиме сами на избори. Го повикувам Собранието на АА да го поддржи едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е: Алијанса за Албанците да излезе сама на Парламентарните избори 2024 година, напиша Лога на Фејсбук. мд/

Фото: Фејсбук на Кренар Лога 

Остани поврзан