• вторник, 24 декември 2024

Лога и Јовески разговарале за постапките што се водат за пожарот во модуларната болница во Тетово

Лога и Јовески разговарале за постапките што се водат за пожарот во модуларната болница во Тетово

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Министерот за правда Кренар Лога денеска на средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески разговарал за  текот на постапките кои ги водат Основното јавно обвинителство Тетово и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со пожарот во модуларната болница во Тетово.

-Со државниот јавен обвинител Јовески се разговараше и за други прашања, како што се потребата да се именува обвинител за врски во Еуроџаст (Единица за судска соработка на ЕУ), носење Упатство за имплементација на Кодекс за ЈО, Стратегијата за развој на правосудниот систем 2023-2027, електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и други теми, соопшти Министерството за правда. 

За случајот со модуларната болница во Тетово, како што е наведено во соопштението,  министерот Лога утре ќе се сретне и со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази. хс/цр

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан