• понеделник, 23 декември 2024

Лога изрази загриженост пред меѓународниот фактор за можноста за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека е време за одговорност

Лога изрази загриженост пред меѓународниот фактор за можноста за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, ВМРО-ДПМНЕ со одговор дека е време за одговорност

Скопје, 4 јуни 2024 (МИА) – Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во земјава и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории - Судскиот совет и Советот на јавните обвинители. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак реагираат дека оценката за правото со Лога, со СДСМ и со ДУИ е добро позната и оти доаѓа време за одговорност.

-Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо. Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за „упад“, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владејачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, пишува Лога во писмото.

Лога во писмото изразува и сериозна загриженост што, како што вели, поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година.

-Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Северна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери, потенцирал Лога во писмото кое им го испратил на делегации на меѓународната заедница.

На првиот брифинг со медиуми како министер, Лога денеска посочи дека во Министерството за правда не нашол ниту една буква или документ за ветингот и нагласи дека стои на ставот дека мора да и

Прашан за став за писмото на Кренар Лога до меѓународната заедница, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес-конференција во партиското седиште рече дека Кренар Лога заедно со СДС и со ДУИ се во опозиција.

Феудалецот Зоран Заев си ги приграбува државните ресурси, државните  богатство, за себе и за семејните фирми. И тоа го крие од јавноста. Одлуката на владата на Заев за давање на минералните с

- Оценката за правото во Македонија со Лога, со СДС и со ДУИ е добро позната и во Македонија и во меѓународната заедница. Кренар Лога заедно со СДС и со ДУИ се во опозиција. Доаѓа време за одговорност, за сите упади во закони во правниот и во судскиот систем, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. аа/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан