• сабота, 23 ноември 2024

Лога: ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања

Лога: ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, реагира министерот за правда Кренар Лога на соопштението на ВМРО - ДПМНЕ за претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.

Лога посочува дека како министер и како Министертво за правда имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции.

-Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања. Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции, истакнува министерот Лога во реакцијата објавена на веб страната на Министерството за правда. дма/ев/

Фото:МИА архива

Остани поврзан