• вторник, 24 декември 2024

Логар: Расправата за наводниот нон-пејпер никому не користи

Логар: Расправата за наводниот нон-пејпер никому не користи
Љубљана, 19 април (МИА) - Словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар денеска изјави дека расправата за наводниот нон-пејпер за промена на границите на Западен Балкан нема корист ниту за БиХ, ниту за Словенија. По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, Логар рече дека секој мора да процени што е во негов интерес - дали да води политичка пропаганда или да стори сé што е во негова моќ Словенија добро да претседава и да придонесе за напредок на Западен Балкан, пренесува ТВ Словенија. Според него, на денешната средба никој од министрите на ЕУ не го прашал за нон-пејперот, што, како што вели, „крена многу прашина минатата недела“. „Состанокот имаше прецизна агенда и немаше такво прашање. Ниту министерот за надворешни работи Жозеп Борел не праша", рече Логар. Тој најави дека министрите ќе разговараат за Западен Балкан на состанок во мај. паг/  

Остани поврзан