• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ловри својата 20 НБА сезона ќе ја почне во Филаделфија

Ловри својата 20 НБА сезона ќе ја почне во Филаделфија


Њујорк, 8 јули 2025 (МИА) – Американскиот кошаркар Кајли Ловри потпиша едногодишен договор со Филаделфија и својата 20-НБА ќе ја одигра во клубот од родниот град.
Клубот не ги објави условите од договорот на шесткратниот Ол-стар играч, кој го имаше своето деби со Мемфис во 2006 година.
„Искуството на Кајли и неговата биографија за „Куќата на славните“ зборуваат сами за себе. Тој е докажан генерал со огромно познавање на играта, кој е од голема корист за сите во клубот“, објави Филаделфија.
„Соодветно е што неговата 20 НБА сезона ќе биде токму тука во Филаделфија, градот што го нарекува дом“, се додава во соопштението.
Триесетидеветгодишниот Ловри во 2019 ја освои НБА титулата со Торонто, а беше дел од американската репрезентација која го освои златото на Олимписките игри во Рио де Женеиро во 2016 година. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан