• понеделник, 30 март 2026

Приведен 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка

Приведен 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка

Росоман, 30 март 2026 (МИА) - Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од ОВР - Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР - Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од здобиените повреди, починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош - Кавадарци. Увид на местото вршат јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Кавадарци и увидна екипа од ОВР - Кавадарци, соопштија од МВР. свд/вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан