• среда, 25 декември 2024

Лишен од слобода насилник од Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

Лишен од слобода насилник од Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Скопје, 14 април 2023 (МИА) - Од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје денеска е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност“, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.
 
Тој, како што информираат од МВР, се сомничи дека на 13.04.2023 во 14:00 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија.
 
Во координација со јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка. цр/дма/
 
Фото:МИА
 

Остани поврзан