Приведен дилер од Штип
- Штипската полиција вчера утрото го лишила од слобода А.С.(34) од Штип бидејќи при претрес на негобиот дом, но и во семејна куќа во село Дудлица, Македонска Каменица, била дрога.
Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Штипската полиција вчера го лишила од слобода А.С.(34) од Штип бидејќи при претрес во неговиот дом, но и во семејната куќа во село Дудлица, Македонска Каменица, била пронајдена дрога.
Како што информира денеска МВР, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во село Дулица, општина Македонска Каменица.
При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. сст/
Фото МИА архива