• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана

Лишен од слобода грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана

Скопје, 6 мај 2025 (МИА) - На Граничниот премин Табановце, на влез во државата вчера околу 12.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(30) од Република Грција.

При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.

Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан