• недела, 07 декември 2025

Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје

Скопје, 26 април 2025 (МИА) - Во Скопје во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје, кој синоќаво 20.30 часот на кружен тек од ул.„Кирил и Методиј“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Костурски Херои“, со патничко возило „фоксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје.

МВР денеска соопшти дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повредениот пешак синоќа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. цр/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан