Лишени од слобода две лица во Гостивар и Тетово, управувале возила под дејство на алкохол
- Полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово, вчера во 19:30 часот и денеска во 03:00 часот, ги лишиле од слобода Д.А.(64) од село Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово.

Скопје, 15 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Гостивар и Тетово, вчера во 19:30 часот и денеска во 03:00 часот, ги лишиле од слобода Д.А.(64) од село Зубовце, гостиварско и А.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти МВР, при вршење увид на сообраќајна незгода со материјална штета на вчера околу 19:30 часот на регионален пат Гостивар – село Градец и по преземени мерки било констатирано дека Д.А. го управувал возилото „опел“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.74 промили алкохол во крвта, а притоа го нарушувал и јавниот ред и мир со агресивно однесување.
При сообраќајна контрола на улица ,,Борис Кидрич“ во Тетово денеска во 03:00 часот, било сопрено патничко возило „мерцедес“ со хрватски национални ознаки, кое го управувал А.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.52 промили алкохол во крвта.
Двајцата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. дма/нд/
Фото: МИА архива