• сабота, 21 декември 2024

Лицата со телесен инвалидитет од Гевгелија ќе добиваат помош и нега дома

Лицата со телесен инвалидитет од Гевгелија ќе добиваат помош и нега дома
Гевгелија, 7 април 2022 (МИА) - Лиценцирани негуватели ќе им даваат помош и нега во домашни услови на лицата со телесен инвалидитет од Гевгелија. Секретарот на Црвен крст од Гевгелија информираше дека услугата за помош и нега во домот се дава на лица постари од 65 години и на лица со попреченост, од страна на 19 лиценцирани негуватели од општина Гевгелија, според утврдени цени за користење на услугата. Според Законот за социјална заштита, Општина Гевгелија со еден лиценциран давател ќе аплицира на годинашниот повик од Министерството за труд и социјална политика, со цел оваа услуга да се користи бесплатно. Покрај ова, членовите на Советот за социјална заштита беа информирани дека за зајакнување на нивните капацитети ќе бидат организирани работилници од страна на ресорното министерство со поддршка на канцеларијата на УНДП во земјава. им/ар/

Остани поврзан