• вторник, 24 декември 2024

Лит исклучен од АфД поради изјава дека мигрантите треба да се отрујат со гас

Лит исклучен од АфД поради изјава дека мигрантите треба да се отрујат со гас
Берлин, 28 септември 2020 (МИА) - Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го исклучи поранешниот портпарол Кристијан Лит откако тајно беше снимен негов разговор, во кој зборува за убивање на мигрантите со гас. Телевизијата ПроЗибен го сними Лит како разговара во кафуле со друго лице, за кое се претпоставува дека е симпатизер на АфД, за предизвиците со кои се соочува партијата. Лит запрашан дали АфД сака да види повеќе имигранти, тој одговори: „Да. Бидејќи тогаш работите ќе се одвиваат подобро за АфД. Потоа можеме сите да ги стреламе. Или да ги отруеме со гас, како сакаш“. Германските медиуми денеска објавија дека Лит е исклучен од парламентарната група на АфД. ми/

Остани поврзан