• среда, 20 ноември 2024

Литванија пресилна за македонските кошаркарски кадети

Литванија пресилна за македонските кошаркарски кадети

Скопје, 7 август 2023 (МИА) – Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија со 95-52  во рамки на завршното трето коло во групата Б на Европското првенство за играчи до 16 години во А дивизијата кое се одржува во Скопје.

Актуелниот европски првак беше пресилен за избраниците на селекторот Александар Јованчев, кои, сепак, со триумфот во воведното коло над Белгија ја остварија првата зацртана цел и обезбедија пласман во нокаут фазата.

Најефикасен вечерва во македонските редови беше Никола Јаничиќ со 15 поени. 

Втората задача пред македонските кошаркари на ЕП е да обезбедат опстанок во А дивизијата, а битката за таа цел ќе ја почнат во осминафиналето против Словенија. 

Поразениот од овој дуел ќе разигрува за пласман  од 9 до 16 место, а во пониската Б дивизија ќе се преселат репрезентациите кои ќе се пласираат на последните три позиции. ег/дма/

Фото: КФСМ

Остани поврзан