• среда, 25 декември 2024

Литванија одби да ја испорача Тихановскаја во Белорусија

Литванија одби да ја испорача Тихановскаја во Белорусија

Вилнус, 3 март 2021 (МИА) - Вилнус одби да ја испорача поранешната белоруска кандидатка за претседател Светлана Тихановскаја во Минск, објави РИА Новости. Според Министерството за надворешни работи на Литванија, белоруското обвинителство побарало екстрадиција и ги доставило потребните документи до Генералното обвинителство на земјата. „Литванија не екстрадира луѓе кои се подложни на политички прогон. Во Минск, тоа многу добро го знаат “, соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи. По претседателските избори минатиот август во Белорусија и објавувањето на победата на Александар Лукашенко, опозицијата ги обвини властите за фалсификување на резултатите и организирање масовни протести низ целата земја.

Тие инсистираа дека победник е всушност Тихановскаја и побараа ново гласање и продолжување на меѓународните санкции против Минск претходно усвоени од западните земји.

По изборите, Светлана Тихановскаја замина во Литванија и беше објавена меѓународна потернива во Белорусија и Русија. паг/

Остани поврзан