• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Белград, 6 мај 2025 (МИА) - Литванските власти официјално го забранија летот на српскиот авион до Москва со кој требаше да патува српскиот претседател Александар Вучиќ, објави порталот „Новости.рс“. Истата вест се појави и на други портали.

„Новости“ објави дека литванските власти ја оправдале забраната за летот на авионот во кој би бил Вучиќ со „техничка и дипломатска чувствителност“.

Вучиќ најави дека ќе учествува на воената парада во Москва, со која се одбележува 80-годишнината од победата на Русија во Втората светска војна. Според извештаите, планирана е средба меѓу Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин.

Нема информации за забраната за прелетување на литванските портали. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан