• понеделник, 23 декември 2024

Литванија е прва земја-членка на ЕУ што прекина да увезува руски гас

Литванија е прва земја-членка на ЕУ што прекина да увезува руски гас
Вилнус, 2 април 2022 (МИА) - Претседателот на Литванија Гитанас Наузеда изјави дека неговата земја од овој месец нема да увезува руски гас. - Пред многу години, мојата земја донесе одлуки што ни овозможуваат лесно да ги прекинеме енергетските врски со агресорот. Ако ние можеме да го направиме тоа, може и другите во Европа, напиша Наузеда на Твитер. Додека во соопштението на литванското Министерство за енергетика се наведува дека литванскиот систем за транспорт на гас од почетокот на месецот работи без увоз на руски гас. Министерот за енергетика Даиниус Крајвис изјави дека ова е пресвртница во историјата на енергетската независност на Литванија. - Ние сме првата земја од ЕУ меѓу добавувачите на Гаспром што стекна независност од испораките на руски гас како резултат на долгогодишна кохерентна енергетска политика и навремени инфраструктурни одлуки, посочи Крајвис. Доколку е потребно, Литванија може да увезува гас преку  гасна врска со Летонија, а од 1 мај преку гасна врска со Полска. ми/

Остани поврзан