Лион: Францускиот фудбал оди во погрешна насока
- Сезоната во Франција е прогласена за завршена поради пандемијата од коронавирусот и нема да има поголеми спортски настани во таа земја до септември.

Лион, 11 мај 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Лион ја критикуваше одлуката за прекинување на сезоната во Лига 1.
- Олимпик Лион се уште смета дека францускиот фудбал оди во погрешна насока, се вели во соопштението на клубот.
Сезоната во Франција е прогласена за завршена поради пандемијата од коронавирусот и нема да има поголеми спортски настани во таа земја до септември.
Шампион е Пари Сен Жермен.
Лион инсистира на тоа дека е можно да се дозволи првенството да заврши во август, во, на пример, плеј-оф систем.
- Се разбира, под услов да се почитуваат инструкциите дадени од владата, изјавија од Лион.