• вторник, 24 декември 2024

Лион го повика Макрон да ја промени одлуката за фудбалот во Франција

Лион го повика Макрон да ја промени одлуката за фудбалот во Франција
Лион, 24 мај 2020 (МИА) - Лион повторно го повика францускиот претседател Емануел Макрон да ја преиспита неговата одлука за забрана на спортот во земјата до септември. Причината беше дозволата што фудбалот во Шпанија ја доби за обновување на шампионатот во јуни. Клубот од почеток не се согласи со одлуката на владата, што доведе до стопирање на првите две дивизии во Франција. Лион заедно со Амиен и Тулуз поднесоа жалба, но судот ја отфрли и ја потврди одлуката на властите. „Олимпик Лион ја поздравува одлуката на претседателот на Шпанија и продолжувањето на Ла Лига на 8 јуни. По Бундеслигата, ова ќе биде второ големо Европско првенство што ќе се врати. Лион се надева дека примерот на Шпанија, по оној на Германија, ќе помогне властите да ја преиспитаат одлуката донесена премногу рано во Франција. Освен економската трагедија што тешко ќе ја погоди Франција, најуспешните француски екипи се уште се во Лигата на шампионите и ќе бидат во неповолна положба за време на нивните европски натпревари“, велат од Лион. Претседателот на клубот, Жан-Мишел Ола, исто така, ги критикуваше одлуките на владата. - Парадоксално е дека земја како Шпанија, која има повеќе смртни случаи од Франција, најде начин да го продолжи фудбалот. УЕФА ги замоли сите да бидат трпеливи. Кога ќе ги видиме лидерите кои учествуваат на состаноците на фудбалските федерации и дојдоа до толку различни заклучоци, се чувствуваме идиотски. УЕФА го објави својот медицински протокол, кој не го ни погледнавме во Франција. Тоа е апсолутен скандал, рече Олас за „Екип“.

Тагови

Остани поврзан