• четврток, 29 август 2024

Линдзи Вон: Без Федерер, спортот никогаш нема да биде ист, за мене тој е најдобриот играч на сите времиња

Линдзи Вон: Без Федерер, спортот никогаш нема да биде ист, за мене тој е најдобриот играч на сите времиња
Њујорк, 12 декември 2020 (МИА) - Олимписката шампионка во алпско скијање, Линдзи Вон искажа голема почит кон швајцарскиот тенисер Роџер Федерер. - Роџер сака да остане во спортот што е можно подолго. Јас исто така се однесував кон скијањето, но во одреден момент телото рече: „Не, ова е премногу“. Не знам во која фаза е сега тој, но сигурен сум дека тука не е крајот. Федерер е многу посветен на тенисот, поради што останува конкурентен толку долго. Поради него, почнав да гледам тенис, и без него спортот никогаш нема да биде ист, истакна Вон. Американката додаде дека многу го почитува и Рафаел Надал. - Неговите достигнувања на земја се неверојатни, но јас бев и сум фан на Федерер. За мене, Роџер е најдобриот играч на сите времиња. Зачудувачка благодат, совршена рамнотежа - ретко кој може да го повтори ова, потенцира Вон. зс/

Остани поврзан