• недела, 17 ноември 2024

Линдвик победник на ски-скоковите во Инсбрук

Линдвик победник на ски-скоковите во Инсбрук
Инбрук, 4 јануари 2020 (МИА) – Норвежанецот Мариус Линдвик е победник на денешните скокови од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Тој попладнево во австриски Инсбрук со скокови од 133 во првата и 120.5 метри во втората серија собра најмногу бодови – 253.3, доволно за првата позиција. На победничкиот подиум се искачија и Давид Кубацки од Полска (133 и 120.5 метри вкупно 252 бода) и Даниел-Андре Танде од Норвешка (126 и 131 метар за вкупно 249.3 бода). Линдвик победи и во Гармиш-Партенкирхен и врза две победи по што стана прв фаворит за трофејот на „Четири скокалници“. Новогодишната турнеја завршува в понеделник (6 јануари) со скоковите во Бишофсхофен. зс/

Остани поврзан