• недела, 24 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лилард за враќањето во Портланд: Не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо

Лилард за враќањето во Портланд: Не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо

Портланд, 22 јули 2025 (МИА) – Кошаркарот Демијан Лилард се радува на своето враќање во Портланд.

- Знаев дека ќе се вратам дома до крајот на животот, со моите деца, играјќи за Портланд, возејќи по истите улици по кои возев речиси целиот мој возрасен живот, целото мое семејство ќе биде тука: мајка ми, брат ми, сестрите, сите мои пријатели од Портланд. Сето тоа е важно. Не очекував дека тоа ќе се случи толку брзо, рече 35-годишниот кошаркар на прес-конференција.

Лилард играше за Портланд од 2012 до 2023 година. Кошаркарот ги помина сезоните 2023/24 и 2024/25 во Милвоки, а ова лето стана неограничен слободен агент, бидејќи Бакс го ослободија играчот.

Во регуларната сезона на НБА 2024/25, Лилард имаше просек од 24,9 поени, 4,7 скока и 7,1 асистенции во 58 натпревари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан