• сабота, 23 ноември 2024

Ликуд на Нетанјаху ќе освои најмногу мандати во Кнесетот доколку сега има избори

Ликуд на Нетанјаху ќе освои најмногу мандати во Кнесетот доколку сега има  избори

Тел Авив, 13 септември 2024 (МИА) - Десничарската партија Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би освоила најмногу места во израелскиот Парламент (Кнесет) доколку изборите се одржат сега, покажува најновата анкета на јавното мнение, пренесена од британските медиуми.

Резултатите покажуваат дека партијата на Нетанјаху ќе освои 24 места (во моментов има 32), што, сепак, е нејзин највисок резултат од анкетата спроведувани од 7 октомври и нападот на Хамас врз Израел. 

Најновото истражување на јавното мнение предвидува дека центристичката Партија за национално единство, предводена од поранешниот генерал Бени Ганц, ќе освои 21 место во Кнесетот.

Според истражувањето, десничарската коалиција на Нетанјаху заедно со група националистички верски и ултраортодоксни партии во моментов би освоиле 53 места во 120-члениот парламент, наспроти 58 за главниот опозициски блок.

Претходните анкети покажуваа дека Ликуд нема да освои повеќе од 16-18 места во парламентот и дека имиџот на Нетанјаху како премиер се подобрува, бидејќи испитаниците го фаворизираат пред сите други потенцијални кандидати, со исклучок на поранешниот премиер Нафтали Бенет, кој сега е надвор од политиката.

И покрај тензиите во коалицијата меѓу Нетанјаху и неколкуте министри и редовните протести на Израелците кои бараат договор за враќање на заложниците кои се држат во Газа, владата се задржа речиси две години. 

Избори во Израел не се планирани пред 2026 година.сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан