• сабота, 23 ноември 2024

Лидс подготви годишна плата од 8,8 милиони евра за Биелса

Лидс подготви годишна плата од 8,8 милиони евра за Биелса
Лидс, 19 јули 2020 (МИА) - Раководството на повратниците во Премиер лигата, екипата на Лидс Јунајтед, планира да понуди нов, многу попрофитабилен договор на менаџерот Марсело Биелса. Аргентинскиот стручњак, кој е на чело на клубот од „Еланд Роуд“, по точно 16 години успеа да го врати во елитното натпреварување во Велика Британија. Според островските медиуми, управата ќе му понуди на 64-годишниот стручњак нов тригодишен договор, според кој тој ќе заработува 8,8 милиони евра годишно наместо досегашните 6,6. Лидерите на клубот се очекува наскоро да започнат разговори со Биелса, но само за одредени детали, бидејќи тој се очекува да прифати продолжување на соработката под предложените услови. - Виктор Орта, Андреа Радризани и јас наскоро ќе седнеме на маса со Марсело, поточно следната недела и ќе разговараме за плановите за следната сезона. Тој има преглед на ситуацијата, тој знае во која насока сакаме да одиме, ќе разговараме за оние играчки работи, како и за деталите што сè уште треба да се решат, рече извршниот директор Ангус Кинир. Договорот на Биелса официјално истекува на крајот на следната недела, но клубот има автоматска опција да го продолжи за една година. Биелса свесно ја одложи приказната за договорот со цел да се концентрира на теренот и да се однесе тимот во повисок ранг на натпреварот. Се зборуваше дека тој би можел да го напушти клубот во случај Лидс да не влезе во Премиер лигата, но таа опција сега е елиминирана. Покрај сето тоа, Лидс обезбеди сума од 121 милиони евра со влез во Премиер лигата, а се верува дека групата „Катар Спорт Инвестмент“, која има контрола над Пари Сен Жермен, е подготвена да вложи пари во клубот. На Лидс останува само еден натпревар да доигра со Дерби до крајот на Шампионатот. Натпреварот на „Прајд парк“ во Дерби започнува во 15 часот.

Тагови

Остани поврзан