• недела, 28 јули 2024

Лидс му го нанесе првиот пораз на Челзи во новата сезона

Лидс му го нанесе првиот пораз на Челзи во новата сезона
Лидс, 21 август 2022 (МИА) – Во англиската Премиер лига викендов се играат натпреварите од 3.коло во кое Челзи го запиша првиот сезонски пораз. Попладнево „сините“ од Лондон загубија на гостувањето кај Лидс со 3:0. Головите ги постигнаа Бренден Аронсон, Родриго Морено Мачадо и Џек Харисон. Челзи средбата ја заврши со фудбалер помалку поради исклучувањето на Калиду Кулибали. Избраниците на тренерот Томас Тухел имаат четири од можни 12 кола. Челзи еднаш победи, еднаш ремизираше, а денеска беше совладан од Лидс. Пред докомплетирање на колото, Арсенал е лидер на табелата со максимални девет бода, Тотенхем, Лидс и Брајтон имаат по седум, Манчестер сити шест и натпревар помалку. зс/

Остани поврзан