• вторник, 23 јули 2024

Лидс го совлада Њукасл, дебитантски гол на Алиоски во Премиерлигата

Лидс го совлада Њукасл, дебитантски гол на Алиоски во Премиерлигата
Лидс, 16 декември 2020 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски вечерва го постигна својот дебитантски гол во Премиерлигата во триумфот на Лидс над Њукасл од 5:2. Алиоски го одигра целиот меч и беше прецизeн во 85. минута, постигнувајќи го четвртиот гол во убедливиот триумф на домаќините со што Лидс ја прекина серијата од три порази во низа во англискиот шампионат. Во преостанатите два натпревари од терминот од 19:00 часот во рамки на 13. коло во Премиерлигата, Арсенал одигра само 1:1 во Лондон против Саутемптон, додека Евертон извојува гостинска победа над Лестер со 2:0. Лидс во моментов е на 13. место на табелата со 17 бодови, а во следното коло гостува на Манчестер јунајтед. eг/сд/

Остани поврзан