• вторник, 31 март 2026

Лидерот на хунтата, Мин, најверојатно ќе биде идниот претседател на Мјанмар

Лидерот на хунтата, Мин, најверојатно ќе биде идниот претседател на Мјанмар

Непјидо, 30 март 2026 (МИА) - Парламентот на Мјанмар го номинира лидерот на хунтата во Мјанмар, Мин Аунг Хлаинг, за претседател, како и уште двајца лојалисти, кои немаат реални шанси.

Нивното номинирање следува по спорните општи избори, на кои не им беше дозволено учество на главните опозициски партии, а гласање немаше во целата земја поради судирите.

Мјанмар е под санкции на западните земји поради воениот удар од 2021 година, што ја втурна земјата во граѓанска војна. Во судирите убиени се илјадници луѓе, милиони се раселени, а голема територија е под контрола на бунтовниците.

Во новиот парламент доминираат луѓе лојални на Мин, воени офицери, на кои уставно им е загарантиран дел од местата или како членови на провладината партија. Затоа се очекува дека Мин ќе биде претседател на Мјанмар. ми/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан