• понеделник, 23 декември 2024

Лидерот на Хезболах денеска за првпат ќе и се обрати на јавноста од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас

Лидерот на Хезболах денеска за првпат ќе и се обрати на јавноста од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас

Бејрут, 3 ноември 2023 (МИА) - Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах, Хасан Насрала денеска ќе и се обрати на јавноста, пишува Гардијан.

Лидерот на моќната шиитска организација, која ја има поддршката на Иран, денеска јавно ќе проговори за првпат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, во која Хезболах им помага на палестинските милитанти напаѓајќи ги израелските сили.

-Сè уште не видовме никакви индикации дека Хезболах е подготвен да тргне со полна сила. Ќе видиме што ќе каже, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби, коментирајќи ја најавата за обраќањето на лидерот на Хезболах.

Хезболах вчера соопшти дека во текот на вечерта нападнал 19 израелски позиции.

Гардијан објаснува дека Хезболах досега водеше главно локален конфликт со Израел само во пограничната област, а користеше само мал дел од огнената моќ со која лидерот Насрала со години му се заканува на соседот.

Според некои проценки, од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, на 7 октомври, во размена на оган со израелските сили, загинале околу 50 борци на Хезболах. сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан